Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нема фудбал во Италија: УЕФА одложи клучен меч за пласман во осминафиналето (Видео)

Објавено

на

Катастрофалните временски услови во Бергамо и снегот кој го зафати овој дел од Италија им направија огромни проблеми на одговорните лица на УЕФА, кои со максимални напори се обидоа да воспостават услови и да се одигра мечот во стандардниот термин.

Првично, натпреварот меѓу Аталанта и Вилјареал беше одложен за 21:20 минути, но откако стана јасно дека нема никакви услови за игра и во овој термин, УЕФА објави дека истиот воопшто нема да започне вечерва.

Станува збор за клучна пресметка која ќе го одлучи патникот во осминафиналето во Лигата на шампионите, бидејќи во оваа група, Манчестер Јунајтед е сигурен патник во оваа рунда.

На Аталанта и одговара само победа, додека на Вилјареал доволен му е и бод за да се најде меѓу 16-те најдобри екипи во најелитното натпреварување во Европа.

УЕФА официјално соопшти дека е одложен мечот за утре, но допрва ќе објави точен термин за одигрување на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни