Нема дилеми: Пеп откри која е најсилната екипа со која се соочил како менаџер

pep-vitaliti

Пеп Гвардиола повеќе од десет години е на врвот на светскиот фудбал водејќи екипи како Барселона, Баерн Минхен и Минчестер Сити, тимови со кои освои голем број на титули во сите конкуренции.

За овој период Пеп имаше можност да се соочи со многу моќни екипи, но нема дилеми кога е во прашање најсилниот противник со кого морал да води „војна“-тоа е составот на Ливерпул.

-Мора да разберете дека тоа што го направивме во минатото не е гаранција дека можеме утре или задутре да го повториме. Противниците што ги имаме, реков многупати, се најсилните противници со кои се има соочено во мојата кариера како менаџер-Ливерпул. Ова го кажав кога беа пред нас, кога ниве бевме пред нив, кога триумфиравме и губевме. Тие имаат апсолутно сè во однос на позициона игра, контра-напад, прекини, транцизија, офанзивно, дефанзивно и менталитет. Стадионот „Енфилд“-многу работи. Знам колку беше тешко, колку е тешко и колку тешко ќе биде. Но, тоа е предизвик. Истото е и со стоперите. Одиме, да најдеме решение за да го одржиме тимот стабилен и добар, -истакна Гвардиола пред мечот со Вотфорд во шестата рунда на Премиер лигата.

Ливерпул по пет кола има пет бода предност во однос на актуелниот шампион кој се наоѓа на втората позиција на табелата.

Facebook Коментари