Поврзете се со нас

Англија

Нема да остане гратис на „Олд Трафорд“: Откриено колку ќе му плати Манчестер Јунајтед на Шангај за Одион Игало

Објавено

на

blank

Во текот на вчерашниот ден од таборот на Манчестер Јунајтед објавија дека постигнале договор со кинескиот Шангај за ново продолжување на позајмицата на Одион Игало.

Нигерискиот интернационалец сега ќе остане на „Олд Трафорд“ до јануари 2021 година, а како што пишува „БиБиСи“ во договорот нема вклучено негов задолжителен откуп, па Игало веројанто ќе се врати во Шангај во јануари.

„Дејли Мејл“ пак пишува дека Шангај ќе добие шест милиони фунти за да го ослободи Игало до јануари.

Освен тоа, Манчестер Јунајтед ќе плаќа помалку од половина од сегашната плата која ја зема Нигериецот. „Ѓаволите“ се согласиле да плаќаат 130.000 фунти неделно за играчот кој одлично ја започна кариерата на „Олд Трафорд“, а останатите 170.000 фунти неделна плата остануваат на товар на кинескиот клуб.

Шангај инсистирал на враќање на Игало уште во мај, меѓутоа во Кина забранија да се продолжуваат визите на странците до октомври, па така до тогаш напаѓачот нема да може да се врати во клубот. Токму затоа кинескиот клуб се согласил да го остави Игало на „Театарот на соништата“ до крајот на јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни