Англија
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок

Њукасл имаше одлична сезона во која обезбеди топ четири пласман во Премиер лигата, а со тоа и место во Лигата на шампионите во кампањата 2023/2024.
Премиерлигашот по подолга пауза одново ќе игра во елитното натпреварувања и навивачите очекуваат клубот да биде супер активен во престојниот летен преоден рок, да донесе играчи со кои ќе ја засили конкуренција и ќе може да направи дополнителен исчекор во следната сезона.
Меѓутоа според „Дејли Мејл“, тимот од северот од Англија нема да може да се расфрла со пари, а причината за тоа е финансискиот фер плеј.
Тренерот Еди Хау ќе има на располагање буџет од 75 милиони фунти, а главна цел ќе биде ангажманот на Џејмс Медисон од Лестер. Други имиња кои се споменуваат се Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед, Моисес Каиседо од Брајтон, Конор Галагер…
Њукасл потроши 250 милиони фунти во претходните три преодни рока, откако клубот доби богати сопственици. Меѓутоа составот од „Сент Џејмс Парк“ не може да ја мине границата од 80 милиони евра, односно да се случи ова ќе мора да продаде некој од играчите.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)