Поврзете се со нас

Свет

Нема да има нов меч меѓу Бразил и Аргентина

Објавено

на

Бразил и Аргентина успеаа да обезбедат пласман на Светското првенство во Катар, но и покрај тоа тие требаше да ги заокружат квалификациите во Јужна Америка со нивен меч кој беше презакажан за 22 септември.

Имено пресметката меѓу „кариоките“ и „гаучосите“ во Бразил беа прекината откако тамошните власти влегоа на теренот затоа што дел од аргентинските играчи ги имаа прекршено ковид правилата, протоколите. На крајот беше донесена одлука мечот да се преигра, но двете федерација во соработка со ФИФА дојдоа до решение тоа да не се случи затоа што не е потребно.

Бразилците во тој термин на ФИФА сакаат да одиграа пријателски средби, а таков е и планот на Аргентинците.

Инаку Бразил на СП во Катар е во група со Камерун, Швајцарија и Србија, додека Лионел Меси и соиграчите ќе излезат на мегдан со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни