Поврзете се со нас

Свет

Нема да игра во Евролигата: Димитријевиќ по само една сезона си заминува од Валенсија

Објавено

на

Екипата на Валенсија во наредната сезона ќе игра во Евролигата, информација која донесе радост и во Македонија поради Ненад Димитријевиќ и фактот дека по подолго време ќе имаме наш претставник во најсилната кошаркарска конкуренција на стариот континент.

Меѓутоа денешните вести говорат дека тоа може и да не се случи затоа наводно Димитријевиќ не е во плановите на новиот тренер Алекс Мумбру. Шпанските медиуми шпекулираат дека Нено е на излезна врата или поточно како наредна негова дестинација ја гледаат Гран Канарија.

Ако е ова вистина тоа значи дека Димитријевиќ само по една сезона си оди од „Ла Фонтета“ и тоа во тимот во кој во минатото играа Лестер  Бо Мекејлеб и Џејкоб Вајли, состав кој во кампањата 2022/2023 ќе го предводи словенечката легенда Јака Лаковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни