Поврзете се со нас

Англија

Нема да биде лесно да го добијат неговиот потпис: Реал дозна колку треба да плати за младата ѕвезда на Дортмунд

Објавено

на

Реал Мадрид веќе полека се подготвува за живот без Тони Крос и Лука Модриќ, односно овие двајца во блиска иднина би требало да му се приклучат на Касемиро кој летово го напушти клубот и се пресели во Манчестер Јунајтед.

Оваа тројка му донесе големи успеси на Реал, но годините се одат и потребна е свежа крв која „кралевите“ ја донесоа со француските репрезентативци Едуардо Камавинга и Орелиан Чуамени. Останува да се види до кога Тони и Лука ќе го носат дресот на шпанскиот великан кој во меѓувреме работи на ангажман на уште една млада ѕвезда и тоа е Џуд Белингем.

Белингем иако има само 19 години игра фантастично во Борусија Дортмунд, партии со кои го привлече интересот на многу големи клубови во Европа, односно освен Реал тука се уште Ливерпул, Сити, Јунајтед…

Сепак како за Реал така и за останатите тимови голем проблем може да биде сумата која бундеслигашот ја има поставено за Англичанецот и истата според „Атлетик“ е 150 милиони евра.

Џуд има договор со „милионерите“ до 2025 година што Дортмунд го става во удобна позиција, без притисок да мора да го продаде освен ако не се исполнат нивните барања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни