Поврзете се со нас

Свет

Нема бегање: Робињо мора да оди во затвор поради силување

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити, Робсон Де Соуза или попознат како Робињо ќе мора да ја одлежи казната од девет години затвор поради силување.

Тој беше осуден од италијанските власти во 2017 година и тоа за случај од 2013 година, меѓутоа тој се врати во својата татковива се сео цел да ја избегне казната.

Бразил и Италија немаат договор за екстрадиција, па Робињо мислеше дека на овој начин ќе успее да и избега на правдата, меѓутоа случајот се префрли во неговата татковина каде судиите во Бразилија одлучија дека тој ќе мора да ја отслужи казната.

Со девет гласови „за“ и два „против“ беше донесена оваа одлука на која Робињо ќе има право на жалба.

Тој пред неколку дена изјави дека бил неправедно осуден и играше на картата расизам, ама тоа не му помогна.

„Случајот Робињо“ се префрли во Бразил: Да бев белец, немаше да бидам претставен како монструм

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни