Нелоски и Кобург направија изненадување и го срушија второпласираниот тим во Бундеслигата

marko

Марко Нелоски и неговите колеги од Кобург 2000 направија големо изненадување во втората по ранг Бундеслига и славеа над составот на Битигхајм со 28-26.

Домаќините важеа за огромни фаворити со оглед на тоа што се на втората позиција на табелата, но тоа на теренот не изгледаше така и нашиот бек со пријателите дојдоа до големо славје, вкупно 11 во тековнава сезона.

Нелоски имаше реализација од 66.67 проценти, поточно погоди два од трите удари, а и запиша една асистенција.

Кобург со 26 бодови е на 6 место на табелата.

Facebook Коментари