Поврзете се со нас

Лига на нации

Некоја нова Италија: „Аѕурите“ со лекција за Франција во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri

Италија не се прослави на Европското првенство во Германија, но ако се суди по вечерашниот меч со Франција во Лигата на нации тоа издание е веќе заборавено, поточно четата на Лучијано Спалети е подготвена да влезе силно, моќно во новите предизвици.

„Аѕурите“ славеа на „Паркот на принцовите“ со 3-1 иако почетокот на мечот за нив беше шокантен затоа што примија гол по само 13 секунди игра и тоа преку талентираниот Баркола.

Меѓутоа Италијанците се вратија во 30 минута по страшната комбинација во режија на Тонали и Димарко, комбинација која овој вториот ја заврши со атрактивен волеј удар и погодок за 1-1.

Во вториот дел гостите постигнаа погодови преку Фратези и Распадори на асистенции на Ретеги и Удоги за големи три бода во групата 2 во сегментот А во Лигата на нации.

На втората средба во групата, Белгија го потврди статусот на фаворит и славеше над Израел со 3-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни