Поврзете се со нас

Италија

Некои работи не се менуваат: Пипо постигна гол на тренингот и ја повтори легендарната прослава (Видео)

Објавено

на

Филипо Инѕарги призна дека има мала забелешка до Кристијано Роналдо и Лионел Меси поради фактот што неговиот гол рекорд во Европа изгледа доста скромно покрај нив двајца, но покрај тоа што стана актуелен благодарение на интервјуто кое го направи за „Газета“, легендарниот напаѓач привлече внимание и на социјалните мрежи.

Популарниот Пипо долги години ги тресеше противничките мрежи како напаѓач на Милан, но дел од овие способности покажа и на последниот тренинг на неговиот тим.

Инѕаги во овој момент е тренер на Беневенто кој со сите сили „граби“ кон враќање во елитата, а напаѓачите на овој тим имаат добар пример од кој можат да учат.

Пипо постигна карактеристичен гол со глава на последниот тренинг на Беневенто, а со својата прослава дефинитивно ги наврати фановите на времето кога редовно постигнуваше погодоци на професионално нив.

Италијанецот ја изрежира својата препознатлива прослава, па на Беневентно не му остана ништо друго освен да го тагне официјалниот профил на Милан….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни