Поврзете се со нас

Свет

Некои работи не се менуваат: Откачениот Диего Коста физички нападна тинејџер од противничкиот тим (Видео)

Објавено

на

Foto: lucasuebel | Grêmio FBPA

Темпераментот на Диего Коста посебно дојде до израз во Премиер лигата каде режираше неколку агресивни моменти со противничките дефанзивци, но на верните фанови на Ла Лига во свежо сеќавање им се неговите битки со Серхио Рамос и Пепе во Реал Мадрид.

Контроверзниот напаѓач дефинитивно знаеше да се исклучи на фудбалскиот терен и да понуди неспортско однесување, а некои работи не се менуваат и на 35 години.

Имено, ветеранот настапува за првиот тим на Гремио и бил во аут одредено време поради повреда, па со цел да добие на минутажа и да се врати во форма, настапувал во младинската лига за Б тимот на Гремио.

Обидот да направи чекор напред во фитнесот на крајот се претворил во вистинско фијаско, бидејќи БРазилецот завршил во клинч со 18-годишен тинејџер од противничкиот тим.

По еден лош старт, Коста тргнал директно да се пресметува со речиси двојно помладиот ривал, а судијата без размислување му покажал директен црвен картон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни