Поврзете се со нас

НБА

Некои работи не се менуваат: Балкански хит „згрме“ во Лос Анџелес во чест на Дончиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лука Дончиќ рано утрово го имаше толку очекуваното деби во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а во таа чест, оваа франшиза им подари дресови од Словенецот на сите присутни навивачи во „Крипто арената“.

Маестралниот Лука беше дел од сензационалниот трејд кој никој не можеше да го замисли до пред само две недели, но откако истиот се реализираше, Дончиќ денеска го одигра првиот меч и очекувано привлече огромно внимание.

Доскорешната ѕвезда на Далас дебитираше со победа и 14 постигнати поени, меѓутоа ги натера луѓето задолжени за забава во салата да ја прелистаат и неговата плејлиста.

Како многупати во Далас, рано утрово во Лос Анџелес се слушаше балкански хит во чест на Дончиќ, и тоа на загревањето пред натпреварот со Јута.

„Имам један живот“ од Ана Бекута „грмеше“ во „Крипто арената“, па ова видео експресно стана вирално и на нашите простори.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни