Поврзете се со нас

Англија

Некогашниот најголем српски талент: Се уште сум играч на Ливерпул и сонувам да добијам шанса од Клоп

Објавено

на

Марко Грујиќ во 2016-та година го направи трансферот на кариерата кога како најголем српски фудбалски талент се пресели во Ливерпул, но сепак во англискиот великан никогаш не доби вистинска шанса, па во меѓувреме беше испратен на неколку позајмици.

Херта е третиот клуб во кој игра како позајмен фудбалер и со Германците има договор до крајот на оваа сезона, по што полека ќе влезе во петтата и својата последна година од договорот со Ливерпул. Грујиќ се уште е многу млад и има само 24 години, па иако делува доста невозможно да добие шанса, тој се уште се надева дека има можност да заигра за тимот на Клоп.

– Воглавно се слушам со тренерот Џулијан Вард. Зборувавме за тренинзите и вежбите кои треба да ги правам дома за време на коронавирусот.

– Сега се слушаме после секој меч, зборуваме за работи на кои мора да работам и за работи кои треба да ги подобрам. Јас се уште сум играч на Ливерпул и сакам да бидам првотимец во составот на Клоп. Сонувам за тоа и затоа редовно останувам во контакт со нив, – вели Грујиќ кој се радува за фактот што неговите соиграчи се на чекор од титулата во Премиер лигата.

– Момците одиграа неверојатна сезона и заслужија да се радуваат на титула. Се надевам дека што поскоро ќе го видиме Хендерсон како го подигнува трофејот, – заврши Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни