Некогашниот бек на Барса за траумата која ја преживеа со Ристовски: И се јавив на сопругата, мислев дека нема да се вратам дома

matje-sporting

Во мај минатата годи на, светската спортска јавност беше сведок на еден необичен и нереален инцидент во тренинг базата на Спортинг Лисабон, откако најрадикалните фанови на клубот ги нападнаа првотимците во комплексот и нанесоа посериозни повреди на дел од играчите.

Бас Дост, Карвалјо, Руи Патрисио и Баталја беа оние кои минаа најлошо во срамната ситуација која предизвика вистински фудбалски потрес во Португалија, немил инцидент од кој беше дел и македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски. Десниот бек за среќа го остави лудилото зад себе без никакви повреди, но во наредниот период тој е на листата да дава исказ за тоа што се случи во мај минатата година.

Пред да се случи тоа, големо внимание предизвика изјавата која ја даде Жереми Матје, поранешниот бек на Барселона кој ја преброди кризата и кој и натаму е дел од првиот тим на Спортинг.

– Никогаш нема да заборавам каков страв почувстував. Веднаш и се јавив на сопругата и реков дека не знам дали ќе се вратам дома, до толку беш исплашен. На крајот од натпреварите, се уште се потсетувам на таа траума, тоа беше непријатна и силна епизода. Не ги променив рутините, но се плашам дека тоа може да се повтори. Се сеќавам дека сите играчи бевме исплашени и не саквме да излеземе од соблекувалната, – се потсетува Матје.

Facebook Коментари