Поврзете се со нас

Балкан

Некогашната „десна рака“ на Клоп во пол-позиција за тренерското место во Црвена Звезда

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Црвена Звезда разочара со настапите во Европа и српските медиуми побараа одговорност од тренерот Барак Бахар, но како што стојат работите, Израелецот ќе остане да го води тимот до крајот на првиот дел од сезоната.

Српскиот шампион не планира промени до крајот на есенскиот дел, но затоа незадоволството се таложи кај директорите и веќе е остварен контакт со поранешниот помошник на Јирген Клоп.

„Спорт Клуб“ ексклузивно открива дека Звезда воспоставила контакти за новиот тренер кој би го водел тимот од стартот на 2024-та година, а тоа е Жељко Бувач.

Босанецот три години му беше десна рака на Клоп и реши да се раздели со Германецот во 2018-та година, а од пред три години е спортски директор во Динамо Москва.

Според информации, на Бувач нема да му биде проблем да ја остави актуеланта работа во замена да го води српскиот великан, но „Спорт Клуб“ уверува дека тоа ќе се случи само ако Бахар заработи отказ по последното коло кое се игра викендот 23-ти декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни