Некогаш играше со Леброн, денеска е бездомник и го тепаат на улици (Видео)

delonte-lebron

Сите оние кои редовно и подолго време ги пратат случувањата во НБА лигата знаат кој е Делонте Вест, играч кој во 2004 година беше избран како 24 пик на драфтот од страна на Бостон Селтикс за да потоа игра и за Сиетл Суперсоникс, Кливленд Кавалирс каде соработуваше заедно со Леброн Џејмс и Далас Маверикс.

Меѓутоа и за време на активната играчка кариера Вест знаеше да има испади, да добива казни, а пак денеска е едноставно изгубен и живее тажен, тежок живот без разлика на тоа што низ „патувањето“ успеа да заработи преку 16 милиони американски долари.

На интернет просторот денеска кружат неколку видеа на кои се гледа како Вест е тепан од некого на автопатот во Вашингтон, потоа се гледа како е уапсен од страна на полицијата, а притоа тој објаснува дека некој човек извадил пиштол на него. Сите овие снимки се актуелни, па многу пријатели, екс соиграчи поабраат помош за Вест, помош која дефинитивно му е повеќе од потребна.

Делонте кој сега има 36 години воопшто не личи на себе, има проблеми кои се очигледни и траат веќе подолго време. Како ќе заврши целата оваа ситуација ќе видиме, меѓутоа од информациите на медиумите мнигумина се подготвени да помогнат, па дури и самата НБА за да го врати Вест на правиот пат.

Facebook Коментари