Поврзете се со нас

Свет

Нејмар застана на семафор и побара бразилски дрес од фановите, сцената стана вирална (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Нејмар беше најголем фан на Бразил на трибините во Калифорнија, но на крајот мораше да се помири со разочарувачките 0:0 против селекцијата на Коста Рика.

„Кариоките“ на непосакуван начин ја стартуваат Копа Америка и ќе мора да бараат бодови во наредните две рунди, а сигурно е дека поддршката од Нејмар нема да изостане и на натпреварите со Парагвај и Колумбија.

Големата фудбалска ѕвезда не е дел од бразилскиот тим поради тешката повреда на коленото, но дури и кога не е на теренот, Нејмар се погрижи да биде во центарот на вниманието.

Телевизискиот режисер доста често ги пренесуваше неговите емотивни реакции на промашените шанси, а вирално стана и едно видео од увертирата за натпреварот.

Имено, Нејмар застанал на семафор и побарал помош од бразилски фанови кои продавале дресови, односно побарал два дреса за себе и своите пријатели во автомобилот.

Продавачот без размислување му ја исполни желбата на напаѓачот, а откако сфати дека навистина станува збор за Нејмар, му се придружија и другарите кои не ја пропуштија можноста за селфи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни