Поврзете се со нас

Свет

Нејмар за завршената трансфер операција на Челси: Голем талент, ќе биде генијалец!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Големата бразилска ѕвезда и актуелен член на Ал Хилал, Нејмар Жуниор даде коментар за договореното засилување на премиерлигашот Челси.

„Сините“ не штедат пари и по доаѓањето на новата гарнитура на Боли и компанија многу млади и квалитетни играчи пристигнаа на „Стемфорд Бриџ“, проект кој понатаму продолжува со ангажманот на тинеџерот Естевао Вилијан од Палмеирас.

Се работи за крило кое има 17 години и од кое се очекува да „експлодира“ во блиска иднина, сценарио во кое верува и Нејмар.

-Тој е голем талент кој се појавува денес во бразилскиот фудбал. Мислам дека тој ќе биде генијалец, -вели Нејмар.

Претходно за Еставеа имаше комплименти и од легендарниот Бранко кој посоточи дека офанзивецот е најдобриот играч од Бразил од Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни