Поврзете се со нас

Светски првенства

Нејмар за херојот на Бразил: Тој е најдобар на светот (ФОТО)

Објавено

на

Бразил иако имаше потешкотии успеа да ја оправда фаворитската улога во пресметката со Швајцарија, победа од 1-0 која беше доволна за обезбедување на пласман во осминафиналето на Светското првенство.

„Кариоките“ долго се мачеа да ги отворат Швајцарците, меѓутоа на крајот го пронајдоа „клучот“ и тоа преку искусниот Касемиро кој со одличен удар во 83 минута донесе три бода, триумф вреден билет за нокаут фазата.

Ова донесе среќа, задоволство кај сите Бразилци, а Нејмар со една реченица го поздрави херојот од Доха.

-Касемиро веќе долго време е најдобар играч за врска на светот, -напиша повредениот Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни