Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар во „аут“ за битката против Лајпциг во ЛШ

Објавено

на

Лидерот во Лига 1, Пари Сен Жермен нема да може да смета на услугите на Нејмар за дуелот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите.

Напаѓачот се повредил за време на настапот со Бразил во квалификациите за Светското првенство, па во наредниве денови ќе биде под будното около на медицинскиот тим, односно ќе мора да закрепне пред нормално да тренира со остатокот од екипата.

Останува да се види дали Нејмар ќе биде спремен и за дербито со Олимпик Марсеј закажано за 24 октомври на „Велодром“, но ако и овој натпревар ќе треба да го скокне тогаш голема е веројатноста да биде фит за дуелот со шампионот Лил.

Освен Бразилецот недостапен на тренерот Маурисио Покетино ќе му биде Леандро Паредес поради повреда, додека пак Серхио Рамос е блиску до враќање на тренинзите.

„Светците“ со четири бода се на првото место во групата А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни