Свет
Нејмар влезе во клинч со Рондон, па комплетно збесна откако доби непријатно изненадување од фан на Бразил (Видео)

Бразил не ја оправда фаворитската улога против Венецуела и го имаше првиот кикс во квалификациите за Светското првенство, резултат кој никој не го очекуваше со оглед на доминацијата на домаќините.
„Кариоките“ пропуштија многу шанси да го решат мечот во раната фаза на второто полувреме, но на крајот беа казнети од Белјо кој постигна акробатско ремек-дело за најавните шпици.
Играчите на Венецуела се одбранија на крајот и не бираа средства за да стигнат до бодот, па во завршницата имаше и тензија на теренот поради случувањата во последната акција.
Рондон ја фати топката и ја рогна на трибините, по што судијата означи крај на натпреварот и тогаш следеше жесток напад од неколку играчи на Бразил. Нејмар влезе во клинч со Рондон, нервозен беше и Габриел Жезус, но останатите играчи ја расчистија мешаницата и тензијата беше смирена.
Сепак, ова не беше крај на бесните реакции од страна на Нејмар, кој пред да влезе во тунелот доби непријатно изненадување од фан на Бразил и жестоко му возврати со навредливи зборови.
😳🇻🇪 En la última jugada del partido, Salomón Rondón tiró la pelota a la TRIBUNA y todo Brasil lo fue a buscar… pic.twitter.com/k9ticxjaZK
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) October 13, 2023
Neymar being hit with a bag of popcorn after Brazil drew 1-1 vs. Venezuela at home. Brazil host Argentina in November.pic.twitter.com/7uckDCIgih
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 13, 2023
-
Италијапред 22 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 16 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 16 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 8 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 21 час
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 19 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)