Поврзете се со нас

Франција

Нејмар: Тренирам напорно за да се вратам посилен за ПСЖ

Објавено

на

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар тренира напорно и со високо темпо иако нема информација кога ќе може да се врати, односно ќе му биде потребен на клубот од француската престолнина.

Добро е познато дека Лига 1 е завршена и ПСЖ на зелена маса беше прогласен за шампион, па сега му останува само настапот во Лигата на шампионите каде обезбеди место во четвртфиналето, меѓутоа не е познато кога ова натпреварување ќе продолжи и ќе се доигра.

-Целта е да бидам подготвен кога ќе дадат сигнал за враќање на клупските активности за да можам да бидам во најдобра можна состојба. Јас сум тука, тренирам напорно, со истиот ритам и фреквенција што би ги правел во клубот. Тренирам уште понапорно со повеќе активности за да се компензира недостатокот на натпревари.

-Секако дека ми недостига натпреварувањето, ама фитнес тренерот Рикардо Роса постави програма која максимално ја следам, -порача Нејмар кој во кампањата 2019/2020 даде 18 голови на 22 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни