Поврзете се со нас

Франција

Нејмар со „отровна стрела“ кон Мбапе: Егото на „одреден Французин“ ја уништи атмосферата, а сега си оди гратис! (Фото)

Објавено

на

Килијан Мбапе го најави заминувањето од ПСЖ и ќе стави крај на една етапа која траеше шест години, а „светците“ со тоа ќе стават крај на ерата во која во прв план беа големи фудбалски ѕвезди.

ПСЖ успеа да ги спои Мбапе, Меси, Нејмар и Рамос во ист тим, па иако на почетокот ова изгледаше доста добро, времето покажа дека големите ѕвезди не функционираа најдобро како целина.

Меси и Нејмар си заминаа од Париз изминатово лето, а последен од напаѓачкото трио си оди и Мбапе, кој по се изгледа ќе заврши во Реал Мадрид.

На социјалните мрежи се шират разни информации за ефектот кој го оствари Мбапе во ПСЖ, но еден дел од нив се поврзани и за егото на Французинот, кое според дел од фановите влијаело негативно врз целата атмосфера во клубот.

Со ова се согласува и неговиот порашен соиграч Нејмар, кој со лајк на споменатата објава му испрати индиректна „отровна стрела“ на напаѓачот.

– Ниту еден играч не смее да биде поголем од институцијата. ПСЖ е пример за фудбалско регрутирање. Успеа да ги собере најобрите играчи во светот и го имаа најдобриот тим. Кога тимот почна да фукнционира, егото на „одреден Французин“ почна да го убива амбиентот. Мбапе се чувствуваше изолиран, голем дел од тимот зборуваше на шпански и се закани дека ќе си оди. За да го задржи ценетиот Мбапе, ПСЖ почна да ги продава оние кои не го делеа ставот на Мбапе. Откако го направи сето тоа, го извести клубот дека ќе си замине ГРАТИС на крајот од сезоната, – гласи објавата на која Нејмар има ставено лајк на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни