Свет
Нејмар со една објава предизвика речиси три милиони реакции за 60 минути (Видео)

Нејмар минатата недела се раздели со Ал Хилал и стави крај на својата катастрофална епизода во Саудиска Арабија на фудбалски план, па откако предвреме го раскина договорот, беше јасно дека неговата следна етапа во кариерата е враќање во матичниот клуб.
Претседателот на Сантош веќе со денови наназад го најавува враќањето на големиот фудбалски мајстор, кој по цели 12 години се враќа на местото на каде ја стекна светската слава.
Нејмар со емотивно видео на социјалните мрежи потврди дека се враќа во Сантош, па пред свеченоста на која утре ќе стави потпис на договорот, реши да се огласи во улога на наратор.
– Момци, се чувствувам како да се враќам во времето. Собран сум тука со пријателите и со семејството. Сите ми помогнавте да напишам некои работи во мојата кариера.
– Едвај го чекам утрешниот ден, моето семејство и пријателите веќе ја знаат мојата одлука: Ќе потпишам договор со Сантош! Се чини дека мојата врска со клубот и со фановите никогаш не се промени, – порачува Нејмар.
Оваа негова објава беше споделена пред еден час, а во период од 60 минути успеа да собере повеќе од три милиони реакции и лајкови.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА18 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)