Нејмар смета дека Реал има предност во однос на ПСЖ поради една причина

nejmar-hana

По вчерашната победа во домашното првенство против Кан, играчите на ПСЖ и стручниот штаб на овој тим денеска пристигна во Катар по повод интернационалниот турнир на кој ќе настапи францускиот шампион, а при обраќањето за медиумите, во прв план се најде Нејмар кој секако е и најголема ѕвезда на тимот од „Паркот на принцовите“.

Бразилецот е лидер на страшниот тим на ПСЖ кој дефинитивно за главна цел си има поставено да ја освои Лигата на шампионите, а токму во таа насока оделе прашањата на новинарите во Катар кој побарале од Нејмар да направи првична анализа за двете мега пресметки со Реал Мадрид во осминафиналето на елитното натпреварување.

ПСЖ и Реал Мадрид својот прв меч ќе го имаат во месец февруари, а иако има уште многу време до тогаш, Нејмар се обиде да ја издвои единствената причина која му дава предност на противникот во овој дуел.

– Знаеме што не чека и знаеме дека ќе имаме многу тешка задача против силен тим. Нивна предност е тоа што играчите на Реал Мадрид играат многу години заедно и добро се познаваат. Сигурно ќе сакаат да дојдат до третата последователна титула во Лигата на шампионите, но ние знаеме дека можеме да ги победиме. Веруваме во тоа и сакеме со победа над Реал Мадрид да направиме историја, – истакнал Нејмар.

Facebook Коментари