Шпанија
Нејмар Сениор откри зошто син му си замина од Барселона: Не сакаше…
Нејмар Жуниор се уште го држи рекордот за најплатен, најголем трансфер во историјата на фудбалот, трансфер вреден 222 милиони евра кога Барселона неочекувано ја замени со Пари Сен Жермен.
Бразилецот имаше се во шпанскиот великан, перфектно функционираше со Лионел Меси и Луис Суарез за да во летото 2017 донесе шокантна одлука за напуштање на „Камп Ноу“ и тоа откако го стави клубот пред свршен чин, поточно не можеше да реагира затоа што беше активирана откупната клаузула од страна на „светците“ од Париз.
Од тогаш се поминати повеќе од седум години, а таткото на напаѓачот, Нејмар Сениор дури сега проговори и ја посочи главната причина зошто сегашниот член на Ал Хилал се решил да ја напушти Барса.
-Одењето во ПСЖ беше негова одлука, тој реши да направи промена. Во тоа време бевме во многу тешка ситуација во Барса бидејќи не знаевме што мисли спортската управа. Се чинеше дека клубот сака тој да го заземе местото на Меси, а тој не го сакаше тоа.
-Реши да замине, да оди на друго место. Сакав мојот син да остане во Барса. До последните денови се трудевме да го спречиме да си замине. Но си замина затоа што не сакаше да ја заземе позицијата на Меси и да биде најголемата ѕвезда на Барса, -истакна таткото на Неј во поткастот „Jota Jota“.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)