Свет
Нејмар се враќа во бразилската репрезентација по пауза од 17 месеци

Враќањето и квалитетните настапи во редовите на Сантош му донесоа и повик за настап во националниот тим на Нејмар, кој се враќа во редовите на „селесао“ по долга пауза.
Повредите го оддалечија Нејмар од националниот тим, но 17 месеци подоцна, тој ќе биде во комбинација за квалификациските дерби средби со Колумбија и Аргентина.
Нејмар ја заработи тешката повреда на коленото настапувајќи токму за Бразил на дуелот со Уругвај во 2023 година, по што му следуваше долга пауза и неуспешен престој во редовите на Ал Хилал.
По враќањето во матичниот клуб, Нејмар стигна до три гола и три асистенции на седум натпревари и очекувано доби повик и за настап во националниот тим, каде ќе се обиде да помогне за што подобри резултати на тешките натпревари во квалификациите за СП 2026.
Големата бразилска ѕвезда на овој начин ќе има можност да му се приближи и на рекордерот Кафу, кој има 14 настапи повеќе од Нејмар и е единствениот играч во историјата на националниот тим со повеќе настапи од играчот на Сантош.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот