Поврзете се со нас

Франција

Нејмар се отвори: Ја пронајдов среќата во ПСЖ поради него!

Објавено

на

Медиумите од Франција најавуваат дека Нејмар е првата од двете големи ѕвезди која ќе стави потпис на нов договор со ПСЖ, а тоа може да се „намириса“ и од последното интервју кое го направи бразилскиот фудбалер за угледниот „Франс Фудбал“.

Магазинот кој ја доделува „Златната топка“ стапи во контакт со најплатениот играч на сите времиња, кој и покрај тоа што во минатото беше отворен за враќање во Барселона, по се изгледа сега е решен да стави потпис на нов долгогодишен договор со „светците“ со кој ќе се обврзе на верност со францускиот клуб.

Популарниот Неј четврта година е во градот на светлината, но потенцира дека во последните две посебно ужива во друштво на Килијан Мбапе кој се уште се двоуми дали да остане во ПСЖ.

– Ја пронајдов среќата во ПСЖ поради Мбапе. Огромен дел од среќата која ја пронајдов тука е благодарение на Мбапе. Тој ме научи како да ги сфаќам Французите, тој ми го објасни менталитетот на Французите и тоа направи голем пресврт кај мене.

– Навистина многу му должам за адаптацијата. Килијан е многу среќна личност и благороден со цел свет. Поради тоа одлично се разбираме и почитуваме од првиот ден. Отпочеток велам дека тој е нашето златно момче, а тука не мислам само на брзината. Треба да знаете како да ја користите брзината, а покрај тоа што е интелигентен, поседува и страшен репертоар на дриблинзи, – вели Нејмар кој очигледно во овој момент е најсериозен адут на ПСЖ во обидот да го задржи на „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни