Поврзете се со нас

Свет

Нејмар се огласи по семејната драма која ја имал во родниот Бразил (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Нејмар има кошмарна 2023-та година и истата ја мина со многу неповолни информации на фудбалскиот терен, но сега истата ја завршува и со семејна драма која за среќа минала без најсериозни последици.

Луид Диаз од Ливерпул доживува заложничка драма во своето потесно семејство и неговиот татко се уште е заробен од киднаперите, а вчера мета на слично злодело бил и Нејмар.

Напаѓачите упаднале во куќата на родителите на неговата партнерка Бруна Бианкарди, а вистинска среќа било тоа што таа и новородената ќерка на двојката не биле во домот.

Целта на напаѓачите биле партнерката и ќерката на Нејмар и на крајот дошло до неуспешен обид за киднапирање, по што доцна во ноќта се огласи и самиот фудбалер.

– Тажен ден со две многу лоши вести. Прво имаше напад во куќата на родителите на Бруна, но благодарение на Бога, се мина во најдобар ред. Второ, ми почина добра пријателка….. Моите чувства се со нејзиното семејство. Бог нека ја прими Луана со отворени раце, – порача Нејмар.

Пред семејната драма, Нејмар мораше да прави и операција на коленото, откако поради кинење на предниот вкрстен лигамент кажа збогум на цела натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни