Поврзете се со нас

Шпанија

Нејмар сака да се врати во Барселона, клубот му поставил услов и предизвик!

Објавено

на

Foto:x.com/SantosFC

Нејмар се врати во родниот Бразил во оваа 2025 година и тоа сосема очекувано во редовите на Сантос, клубот во кој ја започна кариерата и во кој се промовираше на сениорската сцена пред да замине во Европа и потоа во Саудиск Арабија.

Враќањето во неговата земја, многумина го протолкуваа како крај на Нејмар, односно епизода која му носи помирен живот и која ќе му овозможи пензија во блиска иднина.

Меѓутоа се чини напаѓачот има друг план и желбата му е да се врати во Барселона, клуб за кој настапуваше од 2013 до 2017 година пред да одлучи да замине во ПСЖ кој за него издвои 222 милиони евра.

Дали ова е реална опција ќе покаже времето, но ништо не треба да не изненади особено по последните информации.

-Знаете дека никогаш не требаше да замине и ако има шанса, со задоволство би се вратил. Мислам дека доколку клубот реши да тргне по него, неговото враќање е изводливо, -вели блискиот соработник на ѕвездата, Андре Кари.

„Спорт“ пак оди до таму дека Барса му поставила услов, предизвик на Бразилецот за можно враќање на „Камп Ноу“.

-Постигни 15 гола за Сантос и потоа ќе зборуваме за твој ангажман, -наводно му порачале од Барселона.

Инаку Неј има 3 погодоци и 3 асистенции по враќањето во татковината.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни