Поврзете се со нас

Франција

Нејмар режираше мајсторија, реакцијата на Мбапе го изнасмеа Анри (Видео)

Објавено

на

Ѕвездите на ПСЖ изгледаа доста релаксирано на натпреварот против Ремс, се до самата завршница кога гостите приредија шок и си заминаа со бод од „Паркот на принцовите“.

Аутсајдерот постигна гол во 96-та минута и израмни на 1:1, неутрализирајќи го погодокот на Нејмар кој беше постигнат на самиот старт на второто полувреме.

Нејмар беше задолжен за единствениот гол кој го постигна ПСЖ на мечот, но и за мајсторијата која стана вирален хит, а која се случила пред натпреварот.

За време на загревањето, Нејмар режирал мајсторија од слободен удар и извел перфектен погодок, на кој рамнодушен не останал и Килијан Мбапе.

Реакцијата на Килијан стана вирална, а насмевката не ја криеше и легендарниот Тјери Анри кој имаше медиумски обврски кон „Амазон“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни