Поврзете се со нас

Свет

Нејмар предвиде кои четворица играчи ќе се борат за „Златната топка“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Нејмар веќе некое време во аут поради најтешката повреда во својата кариера, па токму поради тоа на актуелниот турнир во Јужна Америка има улога на страствен фан.

Бразилскиот фудбалер ги бодри своите сонародници од трибините на Копа Америка, но веќе го привлече вниманието со серија интересни изјави, од кои една посебно се споделува денеска.

Нејмар доби прашање да ги наброи тројцата најдобри играчи во светот кои ќе се борат за „Златната топка“, но наместо три, тој издвои четири имиња.

– Винисиус го кажувам прв, Родриго и Белинам се изедначени на второ, а во топ три би го вметнал и Мбапе, – гласи изјавата на Нејмар.

Претходно, Нејмар нагласи дека најважен играч во бразилската селекцијата е Родриго, од едноставна причина што смета дека има поважна улога од Вини во системот кој го негува новиот селектор Доривал Жуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни