Поврзете се со нас

Свет

Нејмар предизвика еуфорија на промоцијата во Сантош, реши да ја носи „десетката“ на Пеле

Објавено

на

Фото: https://x.com/SantosFC

Фановите на Сантош се собраа во бројка од околу 20.000 за и покрај лошите временски услови да го пречекаат враќањето на Нејмар во клубот од Сао Пауло.

„Принцот“ беше дочекан со голема еуфорија, а и тој самиот емотивно се соочи со враќањето во клубот каде ја започна кариерата и од каде замина во редовите на Барселона.

Нејмар реши „единаесетката“ од првиот престој во Сантош да ја замени со „десетката“ на легендарниот Пеле, а за потребите на промоцијата испрати и порака до бразилскиот „Крал на фудбалот“.

– Здраво, кралу, многу ми недостасуваш! Кога стигнав овде, бев мало дете полно со соништа.

– „Вила Белмиро“ ме прифати, таму пораснав и бев среќен. Сантош ме претстави на светот, но моето срце никогаш не престана да чука „црно-бело“.

– Кралу Пеле, твојата желба е моја заповед. Престолот и круната – сепак се твои, затоа што сте вечни. Но, бројот 10… би било чест да го носам светиот дрес што значи многу за Сантош и светот. Ветувам дека ќе направам се што е во моја моќ за да продолжам да го почитувам твојот завет. „Ќе си одам, но ќе се вратам“, се сеќаваш? „Па… Принцот се врати, – вели Нејмар во обраќањето до Пеле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни