Свет
Нејмар: Постои само еден крал во фудбалот

Нејмар се врати во Бразил и брзо почна да ужива како голема ѕвезда на Сантош, клуб кој всушност му овозможи да ги има првите професионални почетоци пред блескавата кариера во Европа.
Човекот кој важи за виртуоз со фудбалската топка експресно почна да ги импресионира фановите во својата родна земја, а фактот што ја носи „10-та“ на Пеле му донесе и епитетите како оние на славниот и неповторлив бразилски фудбалер.
Дел од навивачите на Сантош почнаа да го нарекуваат Нејмар „новиот крал“, но според популарниот Неј, овој термин му припаѓа само на најдобриот Бразилец во историјата на фудбалот.
– Не дека не сакам да бидам крал, но постои само еден фудбалски крал, тоа е Пеле. Мене ми се случија многу работи во фудбалот, имав многу повреди кои ми направија штета во кариерата, но Бог сакаше да биде така. Не можам да се жалам за се што ми се случи во животот.
– Задоволен сум од својата фудбалска историја и од мојот живот. Се што сонував како дете, успеав да остварам. Всушност, остварив многу повеќе од што имав сонувано и затоа сум му благодарен на Бог, на моето семејство и на моите пријатели. Тоа се најважните три работи за мене, – потенцира Нејмар.
-
Македонија23 часа
Гест за почит на клубот од Битола: Приходите од билетите од мечот Пелистер-Вардар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во Кочани
-
НБА21 час
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Свет23 часа
Винисиус Жуниор си ја бараше „бељата“, Рафиња реагираше и спречи глупост на сонародниот (ВИДЕО)
-
Свет9 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
Репрезентација24 часа
Барди: Нема да го потцениме противникот, сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет
-
АТП21 час
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
Репрезентација4 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Свет22 часа
ФИФА донесе одлука: Клубот на Хамес Родригез исфрлен од Светското клупско првенство