Свет
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси

Голем број шпекулации се поврзани со иднината на Нејмар и тоа дали ќе остане во Саудиска Арабија, а во меѓувреме Бразилецот гостувал во емисија чиј водител е неговиот легендарен сонародник Ромарио.
Во разговорот со поранешниот бразилски репрезентативец, Нејмар открил интересни детали поврзани со периодот кога беше дел од ПСЖ, а во тие моменти соиграчи му беа ѕвезди како Лионел Меси и Килијан Мбапе.
Актуелниот член на Ал Хилал открил дека егото на големото ѕвезди имало негативен ефект врз резултатите на екипата, која не успеа да ја оствари целта, а тоа беше освојување на Лигата на шампионите.
– Имав некои недоразбирања со Мбапе, но тој беше многу важен играч за нас и јас го нарекував „златно момче“.
– Секогаш добро соработував со него, велев дека ќе биде еден од најдобрите, му помагав, а тој доаѓаше во мојата куќа на заеднички вечери.
– Имавме добра соработка, но кога дојде Меси, Мбапе беше малку љубоморен. А, потоа дојдоа и одредени кавги, промена во однесувањето, открива Нејмар, кој го искоментирал и неуспехот во ЛШ.
– Добро е да имаш его, но мора и да знаеш дека не можеш да играш сам. Мора да ти помогне некој, а во тој тим немаше такво нешто. Ако никој не трча и никој не помага, нема да успееш да ја оствариш целта, – вели бразилската ѕвезда.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…