Поврзете се со нас

Франција

Нејмар обелодени што сака да направи откако ќе ја заврши кариерата

Објавено

на

Бразилскиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Нејмар Жуниор откри што сака да направи откако ќе ја заврши својата професионална кариера.

Многумина од неговите колеги се одлучуваат да останат во фудбалот, но неговата желба е сосема поинаква и тој сака да биде професионален играч на покер.

-Вистина е, вистина е. Тоа е една од работите што најмногу сакам да ги правам. Се чувствувам многу пријатно и мислам дека откако ќе завршам со фудбалот ќе можам да правам турнири, да патувам за да играм турнири на кои отсекогаш сум сакал да учествувам, тоа не можев да ги направам поради мојата агенда и мојата кариера.

-Значи, кога ќе ја завршам мојата фудбалска кариера, тоа е една од работите што ќе ја направам, да патувам за да играм ваков тип на турнир. Меѓу сличностите помеѓу покерот и фудбалот, мислам дека фокусот е една од нив. Начинот на кој го читате противникот и играта е исто така многу важен.

-Мислам дека една од најважните работи во фудбалот и она што го правам на теренот е да ја читам играта, да го прочитам противникот и да видам каде може да нападнеш, каде да се движиш за да создадеш шанса за твојот тим. И во покерот е исто, мора да ја прочитате играта, да ги прочитате своите противници и да го знаете вистинското време да го нападнете противникот, -вели напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни