Франција
Нејмар обелодени како му се нарушил односот со навивачите на ПСЖ: Истото му се случи и на Меси
Етапата на Нејмар во ПСЖ беше исполената со многу подеми и падови, но на крајот Бразилецот си замина од клубот од „задната врата“ и беше испратен како прекуброен во тимот на Луис Енрике.
Долгиот шестгодишен престој во француската престолнина му остави многу спомени на бразилскиот фудбалер, но покрај тоа што ги памети добрите како финалето во Лигата на шампиони, Неј за жал вели дека ќе ги памети и лошите моменти од навивачите на ПСЖ.
– Мојата врска со навивачите на ПСЖ имаше разни етапи. Првата година бев пречекан извонредно, сите навивачи ми посакаа добредојде и се беше идеално. Но, тоа не беше така во последните две или три години, сметам дека бев третиран на нефер начин.
– Во Париз ми се случи истото што му се случи на Меси. Според мене, тоа беше неправедно и се мина секоја граница. Не се каам што не си заминав порано, но се уште жалам за третманот кој го добив.
– Особено беше лошо кога дојдоа пред мојот дом, кога сакаа да влезат и да ја демолираат куќата и да ме тепаат. Јас секогаш ги почитував, но од тој момент веќе не беше исто. Немам лоши мисли за ПСЖ, му посакувам се најдобро, но имам забелешки за дел од навивачите, но и за дел од директорите на клубот. За жал, мојот завршен однос со навивачите на ПСЖ е тоа што ме прави најмногу тажен, но таков е фудбалот. Нема да го паметам ПСЖ само по лошо, таму го играв најдобриот фудбал во кариерата и успеав да играм во финалето во Лигата на шампиони, – вели Нејмар.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал