Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар: Никогаш претходно не сум се чувствувал вака

Објавено

на

Бразилецот Нејмар мината недела се израдува на четвртата титула со ПСЖ во оваа натпреварувачака сезона, но дефинитивно пред „светците“ допрва следи најголемиот предизвик оваа година, односно турнирската завршница која ќе ја гледаме во Лигата на шампионите.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Аталанта и за овој натпревар се очекува Нејмар да добие друштво од Килијан Мбапе кој по се изгледа ќе ја санира незгодната повреда, а со оглед на тоа каков потенцијал има тимот со нив двајца во стартната постава, Бразилецот смета дека ПСЖ никогаш поблиску не бил до трофејот во најелитното натпреварување.

– За време на овие три години во Париз, доживеав многу работи. Имаше многу добри, но и комплицирани моменти, особено кога имав незгодни повреди.

– Со помош на моите соиграчи и моите најблиски, го надминав сето ова и се концетрирав во она што е најважно, освојување титули со ПСЖ. Сите фанови можат да го видат нашето залагање на секој меч оваа сезона.

– Никогаш не сум се чувствувал вака. Ова е мојот најдобар момент откако сум во Париз, тимот е како семејство и тоа е добар сигнал. Сакаме да ја осовиме титулата во Лигата на шампионите, ќе се бориме за тоа бидејќи никогаш не сме биле поблиску до таков успех, – вели Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни