Поврзете се со нас

Франција

Нејмар: Никогаш нема да престанам да се забавувам

Објавено

на

Добар дел од светските медиуми денеска информираат дека Нејмар и ПСЖ се договориле за продолжување на соработката, но додека се чека официјална потврда на оваа вест Бразилецот се најде во фокусот на вниманието со неговото последно медиумско обраќање за француската станица ТФ1.

Многупати напаѓачот е обвинуван дека не е доволно фокусиран на фудбалот, дека премногу го интересираа други работи, односно дека не е зрел и покрај тоа веќе се ближи до 30 година на неговиот живот.

Нејмар со ова не се согласува и порача дека никогаш нема да престане да се забавува.

-Знам кога можам да одам, знам кога можам тоа да го направам тоа, кога не можам. Спротивно од тоа што луѓето мислат, дека сум незрел, дека не знам што правам.

-Во фудбалот сум со години. Ако останете 100% со насочена глава само кон фудбалот, според мене на крајот ќе експлодирате. Тоа е мое време да се опуштам, да останам смирен…Никогаш нема да престанам тоа да го правам, -порача јасно и директно бразилскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни