Поврзете се со нас

Франција

Нејмар не е повеќе сигурен во ПСЖ: Некои играчи ќе дојдат, некои ќе си заминат

Објавено

на

Нејмар веќе неколку години е дел од Пари Сен Жермен, клуб кој во 2017 година се одлучи да плати 222 милиони евра за да го донесе во своите редови.

„Светците“ многу веруваа во него, сметаа дека е вистинскиот човек кој ќе им помогне да напредуваат, да направат поголем исчекор и го остварат сонот наречен Лига на шампиони или поточно титула во елитното натпреварување.

Низ сите овие години имаше турбуленции кога е во прашање Нејмар, имаше недоразбирања со навивачите, сакаше да си замине и се врати во Барса, ама ПСЖ секогаш имаше дециден став дека не сака и не планира да се откаже од неговите услуги.

Меѓутоа по се изгледа тоа се смени и „светците“ повеќе не се толку тврди и најдобар доказ за тоа е последната изјава на Насер Ал Келаифи за „Ле Паризен“.

-За овие теми не можеме да зборува во медиумите. Некои играчи ќе дојдат, некои ќе си заминат, а за ова ќе зборуваме приватно, -порача Ал Келаифи запрашан за тоа дали Бразилецот ќе биде дел од проектот на францускиот првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни