Поврзете се со нас

Франција

Нејмар му одговори на Муние за провокативниот коментар

Објавено

на

Нејмар не чекаше долго пред да одговори на провокативниот коментар на неговиот поранешен соиграч Томас Муние.

Белгиецот деновиве изјавил дека бил фан на Нејмар додека овој играл во Барселона, но и дека Бразилецот ја загубил магијата откако дошол во ПСЖ, каде двајцата играа заедно.

– Тоа момче зборува премногу, – напишал Нејмар на Инстаграм, посочувајќи ја изјавата на Муние.

– Немам потреба да се докажувам никому. Сакам да играм фудбал и да бидам среќен, луѓето зборуваат многу затоа што немаат попаметна работа, – изјавил Нејмар.

Бразилецот има договор со ПСЖ до 2025 година, но има многу шпекулации дека може да го напушти францускиот клуб уште ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни