Нејмар: Многумина очекуваа Реал-ПСЖ да биде финале во ЛШ, но јас…

nejmar

За месец февруари и март се закажани осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите со тоа што дефинитивно најголемо внимание предизвикува онаа меѓу бранителот на трофејот и екипата која се обидува да дојде до врвот Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Двете екипи имаат свои адути, но дефинитивно од тоа каков ќе биде исходот ќе зависи доста од Нејмар кој многу добро го познава играчите на Реал со оглед на тоа што претходните неколку години беше дел од Барселона. Бразилецот очекува одличен натпревар во кој тој и своите другари ќе дадат се од себе за да дојдат до посакуваниот резултат.

-Ние се подготвуваме да одиграме одличен натпревар. Тоа е финалето што најмногу се очекуваше, но јас ова го очекував, -рече Нејмар.

Facebook Коментари