Свет
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал

Враќањето и добрите игри во дресот на Сантош, донесоа и повик во националниот тим за Нејмар, но големата ѕвезда на бразилскиот фудбал ќе почека за камбек во репрезентацијата.
Лекарскиот тим на „селесао“ потврдил минорна мускулна повреда кај Нејмар и тој ќе одмара во периодот за квалификациските натпревари, додека неговото место му припадна на Ендрик од Реал Мадрид.
Од националниот тим отпадна и голманот на Манчестер Сити, Едерсон, исто како и дефанзивецот Данило, кој од неодамна е член на Фламенго.
Голманот на Лион, Лукас Пери ќе го менува Едерсон, додека на местото на Данило е повикан неговиот соиграч во Јувентус и сега во Фламенго, Алекс Сандро.
Селекторот Доривал ги потврдил замените, а бразилската репрезентација е пред сериозни испити, бидејќи во овој циклус се среќава со Колумбија и Аргентина.
-
Македонија24 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија22 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија21 час
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија10 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија9 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија5 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија19 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија21 час
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа