Поврзете се со нас

Шпанија

Нејмар ја исплатил оштетената девојка и помогнал Алвеш да добие помала затворска казна

Објавено

на

Дани Алвеш ова утро ја дозна одлуката од судот во Барселона и беше пренесено дека е осуден на четири иполгодишна затворска казна, сето тоа како резултат на обвинението на сексуален напад кое датира од крајот на 2022-ра година.

Легендарниот бразилски бек беше прогласен за виновен во случајот кој трае повеќе од една година, па иако донесената одлука ќе може да ја обжали на второстепен суд, мора да се признае дека Алвеш добро помина ако се земе во предвид дека максималната казна изнесуваше 12 години затвор.

Одбраната најави дека ќе ја обжали донесената пресуда и дека случајот нема да заврши тука, но бразилските медиуми откриваат дека еден долгогодишен пријател на Дани му подал рака во најтешките моменти и се погрижил казната да биде пониска.

Поради судскиот процес, сите сметки на Алвеш се блокирани и се нашол во ситуација да не може да исплати пари на сметка на оштетената во силувачкиот скандал, па ако не го направел тоа, ќе добиел дополнителна казна од уште најмалку 18 месеци.

Од огромна помош на Алвеш во дадената ситуација ми се нашол Нејмар, бидејќи семејството на напаѓачот исплатило 150 илјади евра на сметка на оштетената и со тоа направило казната да биде помала.

Алвеш и Нејмар се долгогдишни пријатели и беа соиграчи во Барселона, ПСЖ и Бразил, па јасно е дека нивната врска останала цврста и покрај сериозните обвиненија за кои се товари десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни