Нејмар изведе пас со задникот и стана вирален хит на интернет (Видео)

nejmar-slavi

Лион вчера обезбеди пласман во финалето на францускиот куп откако во пенал рулетот беше подобар од Лил, а оваа вечер дозна дека на завршниот меч ќе игра против ПСЖ, тимот кој ја оправда фаворитската улога против Ремс.

„Светците“ славеа на гостувањето со 0:3 и навистина лесно се справија со домаќинот, а мора да се напомене дека Томас Тухел извади навистина силен тим кој ги оправда најавите на теренот. Маркињос и Куаси беа стрелци на головите за ПСЖ, а третиот погодок на мечот беше автогол на Енкломанде.

Сепак, вирален хит од оваа пресметка стана еден потег на Нејмар од првото полувреме, кога изрежира едно додавање со задникот кое дефинитивно ретко се гледа на вакво силно ниво.

Facebook Коментари