Реткост на фудбалските терени: Нејмар изведе нестварен слалом (Видео)

nej-kavani

ПСЖ го декласираше Дижон со неверојатни 8:0 на натпреварот од француската Лига 1 кој се одигра изминатава вечер, а главна ѕвезда без никаков сомнеж беше Нејмар, гледано од секој аспект на мечот.

Од една страна, Нејмар со своите четири гола и нестварниот слалом кој го изведе ги воодушеви фановите на ПСЖ, но од друга страна пак, со еден потег успеа истовремено да го навлече гневот меѓу истите и доби жестоки свирежи од „Паркот на принцовите“.

При резултат 7:0 и три гола зад своето име, гледалиштето побара од Нејмар да му го препушти пеналот на Кавани со тоа што го скандираше името на Уругваецот, а откако Бразилецот одби да го направи тоа, доби жестоки свирежи и создаде една непријателска атмосфера.

Потегот на Бразилецот е навистина несфатлив ако се знае каква беше намерата на фановите на ПСЖ, кои всушност посакуваа Кавани да го изведе пеналот бидејќи со гол ќе станеше најдобар стрелец во историјата на клубот (за време на мечот го израмни рекордот на Ибрахимовиќ).

Facebook Коментари