Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар испрати предупредување до соиграчите пред важниот меч со Јунајтед

Објавено

на

blank

Пари Сен Жермен не игра на посакуваното ниво во последно време, па така по поразот од Монако од 3-2 и среќната победа над РБ Лајпциг од 1-0 во ЛШ, францускиот првак само ремизираше против Бордо на „Паркот на принцовите“.

Ова беше меч по кој критики испрати и тренерот Томас Тухел, а дека мора да бидат подобри истакна и Нејмар кој смета дека сите заедно мора да бидат на повисоко ниво за дуелот против Манчестер Јунајтед во ЛШ, средба која е од огромно значање за „светците“ кои со шест бода се на второто место поради подобриот меѓусебен дуел со „биковите“, додека премиерлигашот е прв во групата со 9 поени.

-Одигравме срамежлив натпревар, дадовме голови, ама ни фалеа детали. Мораме да се подобриме инаку, мораме да се подобриме без разлика дали играме во лигата или во Лигата на шампионите. Обично добиваме повеќе натпревари. Ако не успееме тоа да го сториме, ќе биде комплицирано во лигата како во Лигата на шампионите.

-Ние ја знаеме важноста на натпреварот во среда, како натпреварот против Лајпциг каде не игравме добро иако победивме. Во среда, ќе се обидеме да го одиграме најдобриот наш меч, ама да играме добро мора да напредуваме, да играме повеќе како тим и да бидеме подобро организирани во спротивно ќе биде многу тешко, -порача Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни