Нејмар испрати интересна порака до Мбапе и Ракитиќ пред нивната битка за титула на СП (ФОТО)

A2-91610698.jpg

Во недела во Москва се игра завршниот меч на Светското првенство во Русија, а противниците се селекциите на Франција и Хрватска.

Ова е голема можност за двете репрезентации да дојдат до титулата и до резултат кој ќе остане запаметен во историјата, па така „триколорите“ ќе го бркаат вториот мундијалски трофеј (прв по 20 години), додека пак „коцкестите“ ќе се обидат да дојдат до првенчето на овие настани.

Пред ова средба која се игра на „Лужники“ се огласи Нејмар и испрати порака до двајца негови колеги, Килијан Мбапе со кого сега е соиграч во ПСЖ и Иван Ракитиќ со кого соработуваше во Барселона.

-Моите пријатели Килијан и Иван. Знаеме колку е тешко да се стигне тука, сега уживајте и забавувајте се, вредеше. Многу сум среќен за вас, јас сум многу возбуден од реакцијата на навивачите во вашите земји, Франција и Хрватска, кои многу го слават овој подвиг. Јас не го негирам тоа, би сакал да бидам со еден од вас на теренот, но овој пат тоа не се случи. Ќе се видиме во Катар. Јас сум во публиката за моето „Златно момче“ и мојот партнер од Барселона. Се надевам дека ќе се забавувате во недела, без да заборавите дека е натпревар и дека без оглед на резултатот веќе сте веќе шампиони. Можете двајцата да им ја пренесетe на соиграчите мојата желба за одличен фудбал. Многу сум горд што ве имам како пријатели и светот на фудбалот треба да се гордее со ова големo финале. Со среќа, -напиша Нејмар на „Инстаграм“.

Meus amigos @k.mbappe29 e @ivanrakitic … Nós sabemos como foi duro para vocês chegarem até aqui, agora desfrutem e se divirtam, pois valeu a pena. Estou muito feliz por vocês dois e me emociono vendo a reação dos torcedores dos seus países, França e Croácia, comemorando muito este feito. Não nego, gostaria de estar com um de vocês dentro de campo, mas nesta Copa não deu. Ficou para o Catar… Fico aqui na torcida pelo meu "Golden Boy" e pelo meu parceiro de Barcelona. Espero que vocês se divirtam muito no Domingo, sem esquecer que é uma competição e que independente do resultado vocês já são campeões. Que vocês dois levem aos seus companheiros de elenco meu desejo de uma excelente partida de futebol. Tenho muito orgulho de ter vocês como amigos e o mundo do futebol deve se orgulhar dessa grande final. Boa sorte !!

A post shared by Nj 🇧🇷 👻 neymarjr (@neymarjr) on

Facebook Коментари