Поврзете се со нас

Франција

Нејмар испрати директна порака за неговата иднина во ПСЖ

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен со убедливиот триумф над Истанбул Башакшехир го обезбеди првото место во групата Х во Лигата на шампионите, а за тоа најголеми заслуги има бразилскиот репрезентативец Нејмар кој блесна против турскиот претставник со три погодоци.

Ова секако донесе радост, задоволство кај напаѓачот кој воедно проговори за неговата иднина на „Паркот на принцовите“. Кога е тој во прашање секогаш има разни вести, информации, шпекулации, но неговата желба по се изгледа е јасно, да остане во француската престолнина.

-Многу сум среќен овде во Париз. Среќен сум во клубот, со соиграчите. Никогаш не ми паднало на памет да си заминам. Мораме да дискутираме за мојот договор. Имаме добар однос, среќен сум и ќе видиме што ќе се случи во иднина, -порача ѕвездите на „светците“.

Оваа изјава на Неј се совпаѓа со онаа на претседателот Насер Ал Келаифи кој порача дека се водат доверливи преговори како со поранешниот член на Барса така и со Мбапе за продолжување на соработката.

Ал Келаифи: Водиме доверливи преговори со Мбапе и Нејмар, но сега ја знаеме желбата на двајцата играчи!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни